Прегазен скопјанец, возачот избегал

од Nikola Popovski
60 прегледи

Скопската полиција информира дека 53-годишен маж е тешко повреден откако бил удрен од автомобил на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје.

На 12.10.2024 во 15.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот Ј.Ф.(53) од село Горно Коњари, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини