​Ѓорѓиевски: В среда ќе се дознаат резултатите од процесот на евалуација за распределба на средствата за општините

од Илинка Илиоска
149 прегледи

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави дека оваа среда ќе бидат објавени резултатите од процесот на евалуација за распределба на средствата од Владата кон општините, што ќе овозможи почеток на реализација на повеќе проекти.

„Од она што го добив како најнова информација во координација со Владата и Претседателот на Владата е дека сега, во среда, на седница на Владата ќе треба да се изгласаат заклучоците во однос на евалуацијата од сите проекти која беше извршена од страна на работната група која тоа го работеше,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека откако ќе се донесат овие заклучоци, „во наредните неколку дена започнува процес во кој општините ќе треба да потпишуваат договорите со ресорните министерства за реализација на проектите за кои аплицирале.“

Ѓорѓиевски ја оцени досегашната фаза како успешна, но истакна дека постојат некои „аномалии“ кои ќе се надминуваат во наредниот период. Тој нагласи дека оваа финансиска поддршка е клучна за надминување на повеќедецениските проблеми во општините.

Слични содржини