📽 Напаѓачот кој брутално тепаше старец е во 48-часовен притвор: Храбра девојка го спречи насилството на улица

од Илинка Илиоска
517 прегледи

Осомничениот кој брутално го нападна старец во Белград е задржан во притвор, откако храбра девојка го спречила да продолжи со нападот. Според Првото основно јавно обвинителство Белград, на В.С. (36) му е одредена мерка притвор од 48 часа. Нападот се случил откако осомничениот со ретровизор удрил во пешакот на пешачки премин, а потоа го нападнал физички.

На вознемирувачкото видео кое беше објавено на социјалните мрежи, се гледа како млад човек, откако го запрел своето возило, излегува и почнува да го удира постариот маж. Во моментот на нападот, храбра девојка притрчала и се ставила помеѓу напаѓачот и жртвата, спречувајќи го осомничениот да продолжи со насилството. Повеќе минувачи се собрале околу старецот, помагајќи му да се исправи.

Во текот на следните 48 часа, обвинителството ќе го сослуша осомничениот, по што ќе се одлучи за понатамошните чекори во постапката.

📽Шокантно видео од Белград: Млад човек безмилосно тепа старец, храбра девојка го спаси

Слични содржини