Во 2023 та нападнати околу 105.700 германски полицајци, нападите врз пожарникари и амбулантни возила исто така се во пораст

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Нападите врз полицијата во Германија се во пораст минатата година, се наведува во извештајот на германската криминалистичка полиција (БКА), цитиран од германската новинска агенција (dpa).

Минатата година беа нападнати околу 105.700 полицајци. Но, опасни и тешки телесни повреди имало за 13 отсто помалку.

Околу 85 отсто од нападите биле од физичка природа, главно со отпор при апсење.

Вкупно, во 2023 година се регистрирани околу 46.200 случаи на насилство, што е нов рекорд, според БКА.

Во однос на претходната година, зголемувањето е осум отсто. Трендот е долгорочен, велат истражителите.

Од 2017 година насилството континуирано се зголемува, велат во БКА.

Пожарникарите и работниците за итни случаи се сè позагрозени. Минатата година полицијата евидентирала 687 случаи во кои најмалку една жртва е пожарникар. Една година претходно имаше 650 вакви инциденти.

„Застрашувачка е количината на омраза и насилство со кои се соочуваат“ од полицајци, пожарникари и други службеници, рече секретарката за внатрешни работи Ненси Фезер.

„Овие злосторства не можат да се оправдаат со ништо, а правните последици мора да бидат сериозни“, рече министерот Фезер.

Слични содржини