Вархеји: Македонија и Албанија никогаш не биле правно обврзани на нивниот пат кон членство во ЕУ

од Nikola Popovski
146 прегледи

Северна Македонија и Албанија никогаш не биле правно врзани на нивниот пат кон членство во ЕУ, изјавил еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји по завршувањето на меѓувладината конференција Албанија-ЕУ, што се одржа во Луксембург.

Вархеји истакнал дека овој процес се заснова на заслугите на секоја страна, а зближувањето на двете ќе го компромитира тој принцип:

„Мислам дека тие не беа правно обврзани. Можеби политички – да, но правно – никогаш. Ги започнаа своите меѓувладини конференции на сосема различни поставувања во 2022 година. Оттаму нема ништо ново во тоа Албанија да оди по својот пат. Овој процес се заснова на достигнувања. Истото важи и за Северна Македонија“, дециден е еврокомесарот.

Слични содржини