Уапсени цариници и полицајци – голема акција во струмичко-гевгелискиот регион

од Nikola Popovski
165 прегледи

Голема полициска акција се спроведе синоќа во струмичко-гевгелискиот регион, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Акцијата е под водство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

Уапсени се повеќемина цариници и полициски службеници.

Со детали за случајот се очекува МВР и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да се произнесат во текот на денешниот ден.

Слични содржини