Николоски сè уште e против сегашниот проект за Коридорот 8: Ќе видиме дали ќе работиме нов

од Nikola Popovski
75 прегледи

Министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николовски денеска изјави дека пругата од Коридорот 8 ќе мора да се промени, бидејќи нема договор од македонска страна за постоечкиот проект и цена.

Изјавата беше дадена помалку од 24 часа откако претставниците на „Македонија и Бугарија ја потврдија својата посветеност да продолжат со изградбата на железничкиот Коридор 8 според Регулативата за трансевропска транспортна мрежа“ во Брисел.

„Дијалогот почна вчера во Брисел. Следниот состанок е за две недели на 31-ви декември. Ајде да видиме. Овој проект сигурно нема да се работи, дали ќе работиме нов, ќе видиме. Ние инсистираме на нашите позиции да има заеднички проект и да е изводлив проектот, како и да се разгледа цената, бидејќи по оваа цена секако дека не можеме да го реализираме. Да видиме што ќе направиме. Јас се уште сум против овој проект“, изјави Николоски.

„Коридорот 8 е критична железничка врска за целиот регион и за ЕУ. Тој ќе обезбеди побрзо патување на стоки и патници, ќе ја зголеми мобилноста, пристапот на пазарот и конкурентноста во Западен Балкан. Комисијата ја поздравува реафирмацијата на посветеноста на Бугарија и Северна Македонија во однос на Коридорот 8, што ја покажува желбата за регионална соработка суштинска за иднината на двете земји“, се вели во вчерашниот став на ЕК.

Социјалдемократите тврдат дека овој проект е подготвен од меѓународни експерти и дека нема пречка тој да се спроведе.

„Откако со месеци ја манипулираа јавноста и поништуваа постапки, сега се согласија да го градат проектот онака како што досега беше планирано. Проектот е подготвен од меѓународни експерти и нема никаква пречка да се спроведе“, стои во соопштението од СДСМ.

На крајот на октомври, двете страни ќе имаат уште една средба за да ги договорат деталите за заедничката реализација на проектот. Претходно пропадна тендерот за изградбата на пругата кон Бугарија која е дел од Коридорот 8. За третата фаза од пругата, од Крива Паланка до границата со Бугарија се обезбедени 580 милиони евра, половина од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка.

Слични содржини