Нема крај за проблемите на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
62 прегледи

Проблемите за Ерик Тен Хег на кормилото на Манчестер Јунајтед се чини дека немаат крај. Тимот имаше ужасен почеток на сезоната и моментално се наоѓа на 14-тото место на табелата во Премиер лигата, а „црвените ѓаволи“ практично се без победа од средината на септември, кога последен пат го победија третолигашот Барнсли со 7-0. Проблемите со повредите веќе се секојдневие на „Олд Трафорд“ и продолжуваат да се множат, но се чини дека нема решение. Последен удар за тимот се повредите кои дојдоа за време на репрезентативната пауза.

Младиот талент Коби Мајно е изоставен од тимот на Англија, а медиумите во земјата објавија дека неговата повреда би можела да го оддалечи од терените во следните четири недели.

Проблем има и со новото засилување Мануел Угарте, кој беше доведен за преку 50 милиони евра, но досега не воодушеви особено со својот настап. Уругваецот има проблем со мускулот и тоа е причината за неговата замена на ремито со Еквадор. Неговата состојба е сè уште нејасна и тој допрва треба да оди на медицински тестови за да се утврди колку е сериозна повредата.

Тие ќе му се придружат на Лени Јоро, кој потпиша летото, но се повреди во контролна средба.

Тајлер Маласија е надвор од терените повеќе од една година и се надеваат дека ќе може да се врати на теренот по паузата за националните тимови во ноември.

Лук Шо исто така нема играно за тимот од февруари, но има надежи дека ќе може да се врати на терените во ноември.

Уште едно ново засилување – Нусаир Мазрауи беше опериран и нема да биде достапен пред средината на следниот месец.

Со помали проблеми треба да се справат Алехандро Гарначо, Амад Диало, а на теренот би можел да се врати трајно повредениот во последно време Мејсон Маунт, во клучната пресметката со Брентфорд за Тен Хаг и Манчестер Јунајтед.

Слични содржини