Јакимовски: Премиерот е од општина Карпош, мора да го решиме проблемот со парното во училиштата

од Nikola Popovski
39 прегледи

Градоначалникот Стевче Јакимовски ја кани министерката за образование, Весна Јаневска на средба за да се реши проблемот со парното грееење во училиштата во општина Карпош. Според него, општината „ќе треба да се фрли на штедење, кое ќе значи помалку топлинска енергија и децата помалку да бидат стоплени, што не е во ред“.

-Јас знам дека има проблеми. Тоа се многу училишта, имаме зголемен број на ученици и сите како општество треба да им обезбедиме. Премиерот е од оваа општина и тој го гледа ова. Јас да сум на негово место ќе кажам да не се секира општина Карпош, за наредната година ќе си обезбедиме доволно пари. Проблемот треба да се реши, кажа денеска Јакимовски.

Градоначалникот е дециден дека не сака да предизвикува конфликт и мора да надвладее разумот.

Слични содржини