Пленковиќ од Брисел: Сите го поддржавме Зеленски и неговиот план

од Nikola Popovski
263 прегледи

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ е во Брисел на редовен состанок на Европскиот совет, а една од главните теми е помошта за Украина.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, уште еднаш побара поддршка од европските лидери и го претстави планот за крај на војната.

„Сите колеги го поддржаа претседателот Зеленски и мислам дека размената на мислења беше многу корисна“, рекол Пленковиќ, додавајќи дека долгата дискусија била за миграцијата поради притисоците на границите на некои од земјите на Европската унија.

Имено, Полска е под зголемен притисок бидејќи на нејзините граници се собираат се повеќе луѓе кои се обидуваат илегално да ја преминат границата.

„Околу 40 отсто од мигрантите кои сакаат илегално да влезат во Хрватска дошле во соседните земји како туристи бидејќи не им биле потребни визи. Затоа нагласивме дека приоритет мора да бидат еднакви критериуми во сите земји во областа на миграцијата“, нагласил Пленковиќ и се пофалил дека Европската Унија е задоволна од начинот на кој Хрватска ги штити своите граници од илегална миграција, како сопствена и следствено и европската.

Следниот состанок ќе се одржи во Унгарија по американските претседателски избори, кои се најконтроверзни во однос на поддршката и помошта за Украина.

Слични содржини