Европските лидери за смртта на Синвар: Значително ќе го ослабне Хамас, можност за ослободување на заложниците

од Nikola Popovski
36 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар кој се смета за клучен во организирањето на терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври минатата година, „значително“ го ослабува Хамас.

„Синвар беше водач на една терористичка организација, терористичката организација Хамас“, рече Фон дер Лајен на крајот од европскиот самит во Брисел.

„Без сомнение, неговата смрт значително ќе го ослаби Хамас“, додала таа.

„Велика Британија нема да плаче“ за смртта на лидерот на Хамас Јахја Синвар, кој беше „мозокот зад најсмртоносниот ден во еврејската историја по холокаустот“, изјави британскиот премиер Кир Стармер, реагирајќи на најавата за смртта на Лидерот на Хамас.

Стармер додадл дека неговите мисли се со семејствата на жртвите од нападот на 7 октомври.

Во изјавата, лидерот на британските лабуристи повторно повикал на ослободување на сите заложници, итен прекин на огнот и зголемување на хуманитарната помош за Газа за, како што рече, „за сите да можат да се движат кон траен мир на Блискиот Исток“.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјавил дека смртта на лидерот на Хамас е „можност“ што треба да се искористи за ставање крај на воените операции.

„Треба да се искористи оваа можност за да се овозможи ослободување на сите заложници и конечно да се стави крај на војната“, кажа Макрон на прес-конференција во Брисел.

Тој порача дека работи со израелските, арапските и американските партнери за да се постигне прекин на огнот во Газа и конечно да се отвори кредибилна политичка перспектива за Израелците и Палестинците.

Израелската армија синоќа соопшти дека е убиен лидерот на Хамас кој важеше за екстремен екстремист.

Слични содржини