Бислимоски не очекува сериозен удар во однос на цената на гасот и струјата

од Nikola Popovski
32 прегледи

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски синоќа истакна дека нема да има проблеми во областа на снабдувањето со гас во Македонија. Тој во емисијата „Вин-Вин“ потенцира дека проблемот со затворањето на гасоводот во Украина може да предизвика одредени потреси на европските берзи, но не очекува некој сериозен шок во однос на цената на гас и електрична енергија.

„Во делот на обезбедувањето на гас Македонија ќе нема проблеми. Гасот доаѓа од „Турски тек“, тоа е во најголем дел гас на „Гаспром“, од Турција преку Бугарија доаѓа кај нас. Единствено проблемот со затворањето на гасоводот во Украина може да предизвика одредени удар на европските берзи, но она што го гледаме е дека и Австрија кажува ние немаме проблем да обезбедиме гас од друго место, Унгарија истото го кажува. Она што го гледаме на берзите е да речеме цена помеѓу 100 и 110 евра за мегават час. Тоа е првиот квартал од 2025 година и целата 2025 година, тука е некаде во разлика од пет проценти. Па, да видиме како ќе биде, но секогаш ќе има предизвици“, рече Бислимоски.

Првиот човек на РКЕ нагласи дека немаме сценарио Б, имаме само сценарио А и ЕСМ мора да стои цврсто и да се врати во финансиска кондиција. Тој рече дека нема друг избор освен да се намалат трошоците и да се зголеми производството.

Тој вели дека се изградија многу обновливи извори во државата, која има потреба од таа базна енергија за да функционира системот.

Слични содржини