Надал по поразот од Алкараз: Се чувствувам сакан низ целиот свет

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Легендата на светскиот тенис, Рафаел Надал даде интервју по победата над Карлос Алкараз во полуфиналето на егзибицискиот турнир „Six Kings Slam“ во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Натпреварот се верува дека е најскапото тениско натпреварување во историјата, а победникот ќе си замине со 6 милиони долари.

„Се чувствувам добро … поддржано и сакано низ целиот свет. Никогаш нема да можам да им се заблагодарам на сите доволно. Тие ми помогнаа во тешките и позитивни моменти … секогаш ме носеа на следното ниво на енергија. Се чувствувам многу среќен, имав многу долга и успешна кариера“, рече Надал.

За него, синоќешниот пораз беше трет од популарниот Карлито во петте меѓусебни натпревари.

„Поддршката и љубовта ширум светот значи дека сум направил нешто добро, се разбира, на теренот, но во исто време и надвор од него. Сите овие години се трудев да бидам љубезен кон сите. Се чувствувам среќен и задоволен од љубовта на луѓето насекаде“, додаде Шпанецот.

Слични содржини