Жиру за пензионирањето на Гризман: „Не беше среќен што не ја доби капитенската лента“

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Рекордерот по бројот на настапи за Франција, Оливие Жиру, зборуваше за изненадувачкото повлекување на Антоан Гризман од националниот тим.

„Гризман велеше дека не е задоволен од фактот што не ја доби капитенската лента по пензионирањето на Уго Лорис. Антоан не го криеше тоа. Ова е сосема нормално“, изјави Жиру.

33-годишниот Гризман објави дека на 30 септември ја завршува кариерата во репрезентацијата.

Напаѓачот запиша 137 натпревари и 44 гола за „петлите“ и стана светски шампион во 2018 година.

Слични содржини