📽Хаос во Јапонија: Кабинетот на премиерот нападнат со молотови коктели

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Јапонецот Акунобу Усута (49) утринава фрли предмети за кои се верува дека се молотови коктели кон седиштето на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП) и удри со своето комбе во бариерата пред кабинетот на премиерот.

Полицијата на лице место го уапсила Усута, пренесе агенцијата Кјодо.

Очевидци велат дека Усута откако удрил во бариерата излегол од комбето и кон полицијата фрлил предмет кој личел на димна бомба.

При апсењето не пружал отпор, а на распитот молчел.

Овој инцидент се случи во пресрет на официјалната кампања за претстојните општи избори, кои ќе се одржат на 27 октомври.

Генералниот секретар на ЛДП, Хироши Моријама, рече дека е огорчен од нападот, но потврди дека кампањата на партијата ќе продолжи според планираното.

Во меѓувреме, полицијата и пожарникарите вршат проверки на местото на инцидентот.

Слични содржини