Иван Стоиљковиќ е најзадолжен министер во Владата на Мицкоски

од Илинка Илиоска
230 прегледи

Панче Тошковски ја заглавил сопругата со огромен долг, а борчлии над 100.000 евра кон банките се и министрите Филков и Муцунски. Премиерот Мицкоски пријавил скромен кредит од 6,610 евра, а најмали кредити зеле министерот Мисајловски, Дурмиши и Перински, пишува СКУП.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пријавил кредит на неговата сопруга од дури 160.000 евра. Кредитот е земен пред две години а ќе го исплаќа до 2047 година.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, пријавил кредит од 6,610 евра, но не навел кога го подигнал тој кредит и до кога треба да го врати.

Министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ има дури три кредити, едниот 75,609 евра, а двата се по 16,260 евра. Тоа значи дека Стоилковиќ има кредити кои вкупно чинат дури 108,129 евра.

Кредит има земено и министерот за одбрана Владо Мисајловски во вредност од 14,634 евра. Тој има и долг на кредитна картичка, лизинг за возило, а имаат и по едно пречекорување на трансакциска сметка со сопругата.

Уште еден министер чија сопруга има земено кредити, и тоа дури три, е сопругата на министерот за правда Игор Филков.

Трите кредити вкупно вредат 138,674 евра каде два од тие треба да бидат вратени до 2040 година, а третиот до 2047 година.

Кредит има земено и министерот Тимчо Муцунски и истиот изнесува 113,073 евра. Кредиот е земен во 2021 година и треба да биде вратен за точно 30 години.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска има земено еден кредит, а нејзиниот сопруг два. Нејзиниот кредит вреди 8,792 евра, а оние на сопругот вкупно вредат 60,955 па така вкупно двајцата зеле 69,747 евра кредит.

На оваа листа се најде и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши кој има земено кредит од 9,756 евра, истиот го зел во 2020 година и треба да го врати до 2029 година.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски нема земено кредит, но има долг на кредитната картичка во износ од 2,000 евра.

Арбен Таравари кој повторно ја обавува функцијата министер за здравство пријавил заем во вредност од 74,031 евра. Заемот го зел во 2021 година и треба да го врати до 2043 година.

Златко Перински кој во моментов е министер за локална самоуправа има земено кредит од 9,756 евра. Истиот го зел во 2020 година и треба да го врати до 2028 година.

Уште еден министер кој има земено кредит е министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Тој зел кредит на свое име во вредност од 43,886 евра.

И министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски се има задолжено и тоа со 24,065 евра.

Министри кои немаат земено кредит:

Изет Меџити – Министер за животна средина и просторно планирање

Александар Николоски – Министер за транспорт

Орхан Муртезани – Министер за европски прашања

Сања Божиновска – Министер за енергетика рударство и минерални суровини

Весна Јаневска – Министер за образование и наука

Фатмир Лимани – Министер за социјална политика, демографија и млади

Горан Минчев – Министер за јавна администрација

Борко Ристовски – Министер за спорт

СКУП Македонија ја направи анализата на анкетните листови на министрите од актуелната Влада за да види кои министри не ја пријавиле вредноста на дел од своето богатство. Министрите од кабинетот на Христијан Мицкоски нетранспарентно го пријавуваат своето богатство, што остава простор за манипулации подоцна, иако нивната имотна состојба треба да биде целосно транспарентна, за полесно да се препознаат корумпираните функционери.

Нетранспарентноста, како што потенцира Порталб, почнува од премиерот Христијан Мицковски, кој при декларирањето на своето богатство не пријавил колку пари има на девизната сметка која била пријавена како штеден влог.

Бесар Дурмиши,Игор Филков,Иван Стоилковиќ, Банкарска картичка, кредит, Банкарски заем,Панче Тошковски, Влада, Тимчо Муцунски, Владо Мисајловски, Златко Перински

Слични содржини