Следниот понеделник „Франс Фудбал“ ќе ја додели „Златната топка“, наградата за најдобар фудбалер во светот.
Мадридски АС една недела пред доделувањето објави дека добитник е напаѓачот на Реал – Винисиус Јуниор. Покрај Винисиус, кој минатата сезона со Реал ги освои Лигата на шампионите и Примера дивизион, во потесниот круг се најдоа Килијан Мбапе, Џуд Белингем и Родри.
Винисиус ќе стане првиот Бразилец кој ја освоил престижната награда по Кака, кој ја освои Златната топка како играч на Милан во 2007 година. Исто така, 24-годишниот Винисиус ќе биде четвртиот освојувач на „Златна топка“ од Реал Мадрид во изминатите седум години. Претходно тоа беа Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Карим Бензема. Минатата година наградата му беше доделена на Лионел Меси.
Минатата сезона Бразилецот постигна 24 гола со 11 асистенции за Реал во сите натпреварувања.