Дали Центарот за зависници од Кисела Вода ќе се сели пред порта на училиштата во Центар?

од Nikola Popovski
56 прегледи

Жителите на Општина Центар се соочуваат со сериозни дилеми поради шпекулациите дека Центарот за зависници, кој моментално се наоѓа во Општина Кисела Вода, би можел да биде преместен во нивната општина. Овие шпекулации се проширија во јавноста откако се појавија информации дека градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓеоргиевски, договара преместување на центарот, без претходна јавна дискусија или консултации со жителите.

Според неофицијални извори, планот на Ѓеоргиевски предвидува преместување на центарот до основното училиште „11 Октомври“, како и новата градинка Пролет, која треба да започне со работа следната година. Околу предложената локација се наоѓаат и детски и спортски игралишта, што дополнително го зголемува потенцијалниот ризик за безбедноста на децата. Во минатото, неколку пати се правеа обиди за преместување на овој центар во други делови на градот, но тие беа неуспешни поради отпорот на локалните заедници. Такви обиди имаше во населбата Аеродром, во близина на болницата за душевно болни во Бардовци, како и во поранешната менза на Металски Завод Тито во Гази Баба. Дури беше разгледувана и опцијата секоја општина да има свој дневен центар за зависници, но таа идеја не наиде на поддршка. Сега, жителите на Центар се загрижени дека новиот обид на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Ѓеоргиевски би можел да биде реализиран без нивно знаење и учество во процесот.

Преместувањето на центарот во населба каде што секојдневно поминуваат стотици деца, млади и семејства, најверојатно ќе предизвика силни реакции од јавноста, како што тоа беше случај и претходно.

Слични содржини