Се трага по стружанец кој пред два дена се упатил да бере печурки и не се вратил

од Nikola Popovski
14 прегледи

Регионалниот ЦУК Охрид информира дека од Полициска станица Струга известиле дека има пријава на исчезнато лице од Струга.

-Лицето К.М. од својот дом на 20.10.2024 год. се упатил во с. Брчево (Општина Струга) на берење печурки, но до овој момент не е вратен ниту можеле да воспостават контакт со истиот. Во полициската станица Струга како исчезнат го пријавил неговиот брат Љ. М, појаснуваат од ЦУК.

Според планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид, нивна тричлена екипа и водич на куче за пребарување од здружението „Куче спасител“ од Охрид, во координација со Струшката полиција, од утрово се на терен во обид да се лоцира исчезнатото лице.

-Во текот на вчерашниот ден, доцна попладне во 18 часот и 38 минути оперативниот центар на Планинската спасителна служба беше алармиран од МВР секторот за потраги по исчезнати лица, дека во реонот на село Брчево, исчезнат е жител на Струга (60 годишна возраст), со потекло од селото, кој претходниот ден се упатил да собира шумски плодови и до 16 часот и 30 минути (според соседите од селото) не се вратил во својата викенд куќа, соопшти Планинската спасителна служба.

Слични содржини