Легенда со остри критики за Фенербахче и Мурињо, „Специјалниот“ со напад врз новинарите денови пред пресметката со Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
26 прегледи

Настапот на Фернербахче на почетокот на сезоната беше опишан како „мизерен и безнадежен“ под водство на Жозе Мурињо само неколку дена пред дуелот со Манчестер Јунајтед во Лига Европа. „Специјалниот“ в четврток ќе се соочи со својот поранешен тим, откако на последните пет натпревари имаат само две победи, а турските гиганти се на незавидното четврто место во локалната Суперлига. Португалецот потфрли на почетокот на сезоната, кога не успеа да ги квалификува „жолтите канаринци“ во Лигата на шампионите, губејќи ја пресметката со француски Лил.

Во неделата, Фенербахче двапати прокоцка водство, играјќи само 2-2 против Спансунспор, а токму овој настап беше причина за не толку ласкавите коментари на легендата Волкан Демирел.

„Во моментов овој тим на Фенербахче е мешавина од мизерија и безнадежност. Зошто мизерија? Поради средината во која се наоѓа. Зошто безнадежност? Поради очекувањата што сите ги имавме. Заради тоа што го очекувавме од Мурињо, од летните трансфери кои беа направени. Рековме ќе видиме што ќе се случи по репрезентативната пауза, но ништо не се промени, а работите продолжуваат вака. Чекавме да видиме нешто поинаку, но нема промени во пристапот на игрите, нема разлика дали се дома или гости. Ако водите со 2:1, дали тоа значи дека Фенербахче ќе игра со седуммина во одбраната“, изјави Демирел за локалното издание „Фанатик“.

Минатото лето, гигантот од Истанбул беше подложен на масовен процес на селекција, доведувајќи големи имиња како Ален Сен Максимин, Каглар Сојунџу, Џенк Тосун и Софијан Амрабат, кои им се приклучија на подеднакво солидни играчи како Фред, кој играше во Манчестер Јунајтед токму под водство на „Специјалниот“, како и Един Џеко.

По ремито со Самсунспор, Жозе Мурињо во свој типичен стил беше крајно нервозен и влезе во директен конфликт со дел од новинарите на прес-конференцијата.

„Почнав да разбирам што е Турција. Изненаден сум што не прашуваш зошто не игра Ирфан Егрибајат (резервен голман), изненаден сум и што не прашуваш зошто не игра Џенк Тосун, изненаден сум затоа што секогаш прашуваш за играчи кои не играат. За мене Душан Тадиќ беше нашиот најдобар играч на некои натпревари, не затоа што постигнува важни голови, туку поради балансот што го носи во тимот, поради неговата организација, затоа што не прави глупави грешки. Ако не сакате тој да игра, туку некој друг што не игра толку добро, ок. Тешко ми е да дадам повеќе причини бидејќи не сакам јавно да ги анализирам играчите. Морам да ги заштитам и да не откривам премногу зошто едниот игра, а другиот не. Свесен сум дека тоа е културата овде. Секоја недела има плачење за внесување на Ирфан Кавеџи (кој влезе како замена против Самсун), но понекогаш играчите за кои мислите дека се феноменални, не се, и прават грешки во критичните моменти за тимот“, рече Мурињо.

Слични содржини