Клиниката „Козле“ не утврдила лекарска грешка во третманот на починатото 14-месечно дете

од Nikola Popovski
11 прегледи

Универзитетската клиника „Козле“ не утврдила лекарска грешка во постапувањето со 14-месечното дете, кое почина на скопските клиники. Според директорката на Клиниката, пациентот бил веднаш прифатен, направени се бројни анализи, поставен на терапија според интерните протоколи на клиниката, постојано следен, мониториран и под кислородна подршка која е контролирана и мониторирана.

-Поради невообичаеното рапидно и прогресивно влошување на состојбата на детето, истото беше препратено на КДБ по претходен договор и најава со дежурниот педијатар, со организиран транспорт на ИМП во придружба на лекар и медицинска сестра, во согласност со интерниот протокол за префрлување на болно дете во друга институција за продолжување на лекувањето, посочува директорката Каролина Симоновска.

Според неа, била формирана стручна комисија на клиниката која го разгледала целиот случај и не нашла никаков лекарски стручен пропуст во третманот, следењето и лекувањето на пацентот.

-Веднаш потоа се состана во два наврати и стручниот колегиум кој се согласи со извештајот на комисијата на клиниката (во прилог е доставен детален извештај од клиниката со бројна медицинска документација која сведочи за превземената лекарска грижа, истата е доставена уредно и до министерството за здравство и во лекарската комора), истакнала директорката.

Министерот за здравство, Арбен Таравари изјави дека добро е што Клиниката за педијатрија презема одреден чекор и изрази надеж оти „ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле“.

– Ние ги резгледавме со екипата со правната екипа во Министерството, сите наши можности. Добро е што Клиниката за педијатрија презема одреден чекори и се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле. Ќе дадеме официјално до Лекарска комора, таму има етичка комисија што треба да одлучува. Наши препораки ќе има, извештајот е тука. Доколку не веруваат на извештајот, нека си направат свој, меѓутоа, дека има одреденни пропусти, лекарски, има, одговори Таравари по изјавите за медиуми денеска пред Клиниката за онкологија.

Основното јавно обвинителство го чека наодот од обдукцијата, како и извештаите од другите институции, по што ќе се донесе одлука за понатамошна постапка.

Низа пропусти при лекувањето на 14-месечното бебе констатираше стручната комисија од Министерството за здравство. Системски, технички и стручни. Од Клиниката за белодробни заболувања „Козле“ негираат вина.

Според извештајот на стручната комисија – лекарите на Детската клиника направиле превид кога го пратиле детето на домашно лекување. На клиниката во „Козле“, пак, не била направена соодветна проценка за здравствената состојба и не било навреме поставено на респираторна машина. Било изгубено дополнително време додека се организира транспортот до Детската клиника.

Слични содржини