Жена која била во посета на скопската Зоолошка побарала да се тестира за птичји грип

од Nikola Popovski
269 прегледи

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска информира дека посетителка во скопската Зоолошка градина побарала да се тестира за птичји грип. Според Андоновска, жената прво отишла на Инфективната клиника, од каде ја препратиле во Институтот за јавно здравје. Таа била тестирана и се чекаат резултатите од тестот.

Тестираните вработени во Зоолошката градина немаат птичји грип, информираат од Институтот за јавно здравје. Еден од вработените пред некој ден имал температура и дијареја, додека вториот тестиран не е на списокот од 16 вработени доставени од Зоолошката градина, вчера се пријавил во ИЈЗ со тековни симптоми.

Надлежните смируваат дека пренос на птичји грип од животно на човек на отворено е теоретски невозможно. Ризик може да има само ако некој без заштитна опрема бил во контакт со мртво животно.

Од АХВ информираат дека од Зоолошката градина не биле информирани ниту за угинатото животно, ниту за сомнежот, ниту пак, за резултатите што ги добиле дека е детектиран птичји грип. Вчера немаше одговор или став од Зоолошката и Град Скопје.

Зоолошката градина останува затворена веќе четврти ден, но остануваат и недореченостите меѓу одговорните лица, менаџментот, синдикатите и властите.

Слични содржини