Касами: Финансирањето на Албанската академија од страна на општините е во согласност со законот

од Nikola Popovski
17 прегледи

Градоначалникот на општина Тетово Билал Касами тврди дека нема законска пречка општините да ја финансираат Албанската академија за науките и уметностите. Во изјава за дел од медиумите на албански јазик во земјава, запрашан кога ќе се распределат средствата, Касами рекол дека финансирањето ќе биде предвидено во буџетите на општините за 2025 година.

„Одговорот го дадоа експерти, кои го наведоа и законот за локална самоуправа и за академска дејност, каде што е утврдено дека една од облиците на финансирање на научните дејности се општините. Тоа е јасно прашање врз основа на законот и врз основа на определбата на четворицата градоначалници на општините кои се обврзаа дека во наредниот период ќе ја поддржат оваа благородна иницијатива. Врз основа на динамиката и одобрувањето на буџетите за следната година, оваа точка ќе биде ставена на дневен ред“, појаснил Касами.

Првиот човек на општината говорел и за европските интеграции на Македонија и блокадата на европскиот пат. Според него, колку побрзо се спроведат уставните измени, толку ќе биде подобро за граѓаните. Касами истакнува дека целта на коалицијата ВЛЕН е членство на земјава во ЕУ до 2030 година.

Слични содржини