Тоти повторно ќе игра фудбал седум години по пензионирањето?

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Легендарниот поранешен играч на Рома и на италијанската репрезентација Франческо Тоти не ја исклучува опцијата за излегување од пензија и продолжување на кариерата.

„Некои клубови од Серија „А“ ме повикаа. Би бил подготвен за два месеци“, изјави светскиот шампион со Италија од 2006 година за можноста повторно да игра фудбал седум години по неговото пензионирање.

„Во животот никогаш не треба да се каже никогаш. Некои фудбалери се вратија во игра години подоцна. Морам добро да тренирам за да играм во Серија „А“. Некои клубови ми се јавија неодамна. Тоа се случи минатиот месец и ме натераа да размислувам за тоа. Почувствував некакво лудило, се запрашав зошто сè уште ме бараат по толку години“, прокоментира 48-годишниот поранешен напаѓач, цитиран од Sportitalia.

Поранешниот голман на Лацио, Марко Балота е најстариот играч кој играл во Серија „А“ со 44 години, 1 месец и 8 дена. Во ова рангирање втор е Џанлуиџи Буфон, кој во мај 2021 година играше за Јувентус со 43 години, 3 месеци и 14 дена.

Тоти на крајот од сезоната 2016/17 ја заврши својата натпреварувачка кариера која целосно ја мина во Рома. Тој постигна 307 гола во 786 натпревари со екипата на Рома, освојувајќи ја историската титула во Серија „А“ во сезоната 2000/01 под раководство на тренерот Фабио Капело. Го освои и Купот и Суперкупот на Италија, а во сезоната 2006/07 стана најдобар стрелец во Серија „А“ со 26 голови.

Тоти за италијанската репрезентација има 9 гола и 25 асистенции на 58 натпревари, а неговата репрезентативна кариера заврши по триумфалното Светско првенство во 2006 година.

Слични содржини