🎥📷Мурињо живее како крал во Истанбул

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Жозе Мурињо живее во огромен луксуз во Истанбул. Мештаните го разгалуваат како да е бег. За сето ова пишува британскиот таблоид „Сан“. Повод за материјалот е претстојното гостување на Манчестер Јунајтед кај Фенербахче.

Еве што пишува „Сан“:

Жозе Мурињо е навикнат да го третираат како крал – на крајот на краиштата, тој е Специјалниот. Португалецот беше обожаван од неговите страсни поддржувачи во Порто, Челси, Интер и Рома, а сега и во Турција.

Мурињо ја презеде функцијата менаџер на Фенербахче во јуни. Добива понуда да живее во огромна куќа, но одбива. Специјалниот го претпочита хотелот Four Seasons, каде луксузот е невиден и единствен.

Поранешна палата со пет ѕвезди се наоѓа на брегот на Босфорот и може да се пофали со спектакуларен поглед од европската страна до азиската страна на историскиот град, дом на стадионот на Фенербахче.

Неверојатно, најевтините апартмани во Four Seasons започнуваат од 1.000 фунти за ноќ.

Мурињо ужива во редовното утринско пливање и има избор од внатрешен или надворешен базен.

Прекрасните градини и тераси обезбедуваат добредојдено бегство за гостите, додека недопрените спални соби му нудат на Мурињо шанса да сонува за повеќе сребрени одличја што ќе ги додаде во неговиот експлозивен трофеен кабинет.

Сепак, неговата имагинација не се протега во трпезаријата и покрај извонредната турска храна што се нуди.

Португалската икона – која може да готви само пржени јајца – ги одржува работите многу едноставни и, според локални извори, речиси секоја вечер нарачува исто: пилешка супа, пица маргарита и сладолед.

Жозе е исто така познат по тоа што често посетува локална ќебапчилница. Тој „отскокнува“ и до традиционалните турски амам бањи.

Мурињо и Фенербахче можеби се навикнати да добиваат непријателски прием од посетителите – и без сомнение ќе го сторат истото кога „црвените ѓаволи“ ќе гостуваат на натпревар од Лига Европа. Но, Турците се гордеат со своето гостопримство, а Four Seasons сакаат гостите „да бидат дел од семејството“.

Културниот историчар Сердар Ѓулгун вели: „Во нашата култура гостинот е кралот, па ние ги примаме кралски. Или султански, како што ќе одбереш“. Сè уште е истото тоа важи со полна сила за Мурињо“.

На крајот, изданието потсетува дека Жозе ќе заработи повеќе од 11 милиони долари од двегодишниот договор со „фенерите“.

Слични содржини