Гејтс донираше 50 милиони долари на Камала Харис

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, донирал околу 50 милиони долари на невладина организација која ја поддржува демократската претседателска кандидатка Камала Харис, објави Њујорк Тајмс, повикувајќи се на неименувани извори.

Во изјава за американскиот весник, Гејтс ниту ги потврди, ниту ги демантираше наводите за донацијата, но рече дека „овие избори се поинакви“.

Како што објави њујоршкиот дневен весник, Гејтс е загрижен за економската политика на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и можните кратења на планирањето на семејството и глобалните здравствени програми, кои се клучни прашања за фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Слични содржини