17
Полициски службеници од СВР Битола, вчера во 15:20 часот, извршиле претрес кај E.М.(53) од битолското село Бистрица, при што биле пронајдени пет пушки, над 100 парчиња муниција, како и различни делови за оружје. Е.М. бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти денеска МВР.
Полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола, а по претходно издадена судска наредба, вчера од 10:30 до 11:30 часот, извршиле претрес во село Белица, во домот на Д.И.(46) од село Белица, Македонски Брод, при што пронајдена била муниција од различен калибар. Д.И. е приведен во полициска станица и по документиурање на случајот ќе следува соодветна пријава.