Таравари со СЗО подготвува стратегија за вакцинација во Македонија

од Nikola Popovski
16 прегледи

Првиот човек во здравството, Арбен Таравари жали што антиваксерството зема се поголем замав. Информира дека во соработка со СЗО веќе подготвуваат стратегија за вакцинација во Македонија.

-Се надевам дека во месеците ноември или почеткот на декември да го промовираме тоа и тогаш ќе кажеме конкретни чекори што можеме да преземеме за тие што шират дезинформации или лажни вести. Не сум сигурен кои се нашите можности како МЗ. Би сакал да ја видам стратегијата целосно и после тоа да видиме одредени мерки, доколку можеме да преземеме. Антиваксерството е глобален проблем, кажа Таравари запрашан за лекарите-антиваксери и дали се предвидени одредени санкции.

Пеетходно министерот за здравство обелодени дека примил вакцина против сезонски грип. Во изјава за медиумите при посета на Институтот за јавно здравје Таравари рече дека превентивата е најдобар начин за заштита од сезонскиот грип особено за здравствените работници.

Од понеделникот 21 октомври започна бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи граѓани. Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.

Слични содржини