Фон дер Лајен: Можете да сметате на нас, но треба да се спроведат уставните измени за кои Македонија се согласи дека ќе ги направи

од Nikola Popovski
498 прегледи

Имаме јасна цел, а тоа е што побрзо да се отвори кластерот „Фундаментални вредности“. Речиси сме таму, треба да се спроведат уставните измени за кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи и со заеднички дијалог, се надевам дека сите политички сили ќе се здружат и ќе ги преземат одлучните чекори за напредок. Верувам дека можеме да ги надминеме пречките кои што постојат. Драг Христијан, бидете сигурен дека проширувањето ќе остане врвен приоритет на Европската Комисија во наредните пет години, рече шефицата на ЕК, Урсула Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Владата.

Европската претставничка порача дека „младите во Македонија никогаш нема да им простат ако не одговорат на предизвикот“. Според неа, ЕУ ќе помогне да се спроведе обврската.

-Работам колку што можам за да можеме да ги отвориме преговорите. Уставните промени треба да се разработат. Сакам да ве уверам дека ќе бидеме со вас на секој дел од патот за да стигнеме до заедничката цел -можете да сметате на нас. Мене ми е важно да не се вртиме многу наназад, туку да гледаме кон иднината и сакаме заедно да го пишуваме следното поглавје од нашата заедничка иднина, кажа Фон дер Лајен, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.

Слични содржини