Гаши – Цамај: Продлабочување на парламентарната соработката меѓу Северна Македонија и Црна Гора

од Илинка Илиоска
7 прегледи

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши,  денеска во Рига, оствари средба со потпретседателот на Парламентот на Црна Гора, Никола Цамај.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, се дискутирало за соработката меѓу двата Парламента, вклучувајќи размена на практики и посети на службата, како и можностите за продлабочување на соработка во иднина.

Гаши и Цамај размениле мислења за процесот на интеграција во Европската Унија на Северна Македонија и Црна Гора, нагласувајќи ја улогата на парламентите во процесот на усогласување на законодавството со европското.

На крајот од средбата, Цамај изразил подготвеност да го посети Собранието на Северна Македонија во блиска иднина.

Слични содржини