Серија инциденти во Центар: Нападнати три лица во рок од 20 минути

од Илинка Илиоска
87 прегледи

На подрачје на Центар вчера во Скопје во период од 20 минути биле пријавени два инциденти со физички напад од страна на група од повеќе лица.

Како што информираат од МВР, најпрво во 16:00 часот било пријавено дека група од повеќе лица физички нападнале 17-годишен малолетник, а потоа околу 16:20 часот било пријавено дека група од десетина лица физички нападнале две лица на возраст од 21 и 22 години.

-Во СВР Скопје вчера е пријавено дека околу 16.20 часот во Скопје, на подрачје на Центар, Х.А.(22) и Е.К. (21) од Скопје биле физички нападнати од група од десетина лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Исто така, околу 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар група од повеќе лица физички нападнале 17-годишен малолетник од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат денеска од МВР.

Слични содржини