СДСМ: Христовски е партиски активист кој не смее ни да се прошета околу АНБ

од Nikola Popovski
102 прегледи

СДСМ обвинува дека новиот директор на АНБ, Бојан Христовски е партиски активист кој не смее ни да се прошета околу АНБ, а не да ја води. Според најголемата опозициска партија, Христовски не ги исполнува условите за да биде директор.

-Очигледно има лажен тест за англиски јазик, нема доволно години искуство за кои одбива да прикаже документи дали точно пет години има раководни позиции и не поседува сертификати за безбедност.

Скандалозно е што сега од позиција на директор, тој сам на себе ќе треба да си додели сертификат за државна тајна и да влијае на таа одлука. Ова е само по себе огромен скандал, критикуваат од СДСМ, барајќи оставка на Христовски.

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрла обвинувањата за политизација на Агенцијата за национална безбедност. Тој не гледа проблем во назначувањето на Христовски за нов директор, за кого рече дека во минатото му била нанесена неправда. Христовски доаѓа на местото на Зарко Милошевски, кој беше разрешен на последната владина седница.

Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, на прашање зошто се стекнал со сертификат за познавање на англиски јазик во Пловдив, каде според тврдењата на опозициската СДСМ не постои центар за полагање ТОЕФЛ-тест, а не во Скопје, Христовски вели дека е спремен јавно да покаже документ кој е издаден во 2019 година, како регулатива од претходната власт, за административно тестирање на вработени во државната администрација кој точно покажува кој вид на тест од трите светски јазици кои се говорат и се потребни во државата, за кој вели дека го положил во 2022 година оти бил најбрз начин како да дојде до таа диплома, велејќи дека во Пловдив имало отворен термин за полагање.

Антикорупциската комисија веќе отвори предмет за новоназначениот директор. Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска потврди дека по анонимна претставка е отворен предмет. Претставката се однесува на условите за директор на АНБ односно според претставката се оспорува можноста Христовски да биде директор на тајната служба.

Слични содржини