Манчестер Сити внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Арда Ѓулер. Талентираниот Турчин и понатаму нема голема минутажа од почетокот на сезоната и покрај неговите силни настапи на крајот од минатата кампања и за време на Евро 2024. 19-годишниот фудбалер не е особено среќен поради ситуацијата и „граѓаните“ може да се обиде да ја искористи и да го извлече од „Сантијаго Бернабеу“, пишува турското издание „Фанатик“.
Од почетокот на сезоната, Ѓулер учествуваше на 11 натпревари на Реал Мадрид, но започна само на 3 од нив. Турчинот забележа помалку од 300 минути на теренот, без гол или асистенција на своето име.
Во Манчестер Сити го идентификуваа Ѓулер како опција да го замени Кевин де Бруин. Договорот на 33-годишниот Белгиец истекува на крајот од сезоната и во оваа фаза нема индикации дека ќе биде обновен. Исто така, се вели дека играчот бара нов предизвик и заминува во САД, со оглед на понудата од Сан Диего.