Пијастри ги коментира гласините кои го испраќаат во Ред Бул

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, го искористи медиумскиот ден пред Големата награда на Мексико Сити за да ги коментира гласините што се појавија во последните денови дека неговиот менаџер Марк Вебер е во преговори со тимот на Ред Бул.

Говорејќи пред новинарите на патеката Херманос Родригез, младиот Австралиец рече дека нема вистина во тие гласини и додаде дека се чувствува многу добро во Мекларен.

„Мислам дека сите знаеме дека Хелмут (Марко) кажува многу работи за медиумите. Колку што знам, нема вистина во ова. Се чувствувам многу, многу добро таму каде што сум. Тимот многу ме поддржува откако влегов во Формула 1, ми дадоа шанса да го направам тоа. Во моментов се наоѓам на многу добро место на табелата, па затоа сум повеќе од среќен каде што сум“, изјави Пјастри.

Слични содржини