Јакимовски револтиран поради нападите кон него: „ЗЕЛС е обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ“

од Nikola Popovski
82 прегледи

Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски испрати критики кон ВМРО-ДПМНЕ по, како што вели, нападите кон него со памфлети откако најави дека ќе го напушти ЗЕЛС.

-Вчера ми одговорија, не преку претседателот на ЗЕЛС, туку преку нивното партиско гласило Курир или да не се изразам со речникот на Латас, ќе бидам малку покултурен…како се вика тоа презерватив медиуми. Ми одговараат вака: „дали соочени со локалните избори кои неизбежно навестуваат и со катастрофалниот учинок од досегашната работа, Стевче Јакимовски и Костадин Костадинов се решија на очајнички потег и напуштање на ЗЕЛС? Познавачите на состојбите толкуваат дека се работи за приземен и незаконски начин на привлекување на внимание“. Замислете ние сме егзибиционисти да привлечеме внимание. Ова јасно кажува дека ЗЕЛС е обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ и нема никаква врска со чадор, заштитник и промоција на идеите и развојот на локалната самоуправа. Ова само јасно покажува дека господинот Орце Ѓеорѓиевски е само една обична кукла на чело на ЗЕЛС, а целата политика ја креира неговата партија, рече Јакимовски во обраќање до медиумите.

Градоначалникот ѝ порача на централната власт дека „само тие мислат на избори“.

-Само вас изборите ви се во глава и ништо повеќе од тоа. Ние си работиме нашата работа. Должни сте да го направите тоа што ви е обврска по закон, без разлика дали ви се допаѓа или ви се потпишува. Дали ја сакате општина Карпош или мене, вие сте должни да обезбедите греење и нормално функционирање на училиштата во општина Карпош, кажа Јакимовски и информира дека од понеделник е предвидена средба со првиот човек на ЗЕЛС.

Слични содржини