130
Во Босанска Крупа во тек е акција поврзана со терористичкиот напад на полициската станица од четвртокот, кога загина полицаецот Озрен Маран, а беше повреден Авдо Хасановиќ, пренесува порталот Аваз.
Насилникот е малолетник кој во четвртокот вечерта бил лишен од слобода. Како што јави репортерот на Аваз од местото на настанот, вооружени специјалци трагаат во Босанска Крупа.
„На терен се преземаат одредени мерки и дејствија. Инспекторите работат на терен заедно со Обвинителството. Околностите и се останато, што и како се прави, ќе имаме по дејствијата на терен“, изјави Аднан. Бегановиќ, портпарол на МУП на УСК.