Приведен жител од Тетово во чиј дом е пронајдена дрога

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Приведен е жител на Тетово затоа што во неговиот дом е пронајдена дрога. Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека претресот е извршен вчера со судска наредба.

Приведен е И.Џ.(46) од Тетово, а во неговиот дом биле пронајдени и одземени хероин и непозната супстанца.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Слични содржини