26
Лос Анџелес Клиперс вечерва во натпревар од НБА лигата го победи тимот на Денвер со 109:104.
Норман Пауел беше најефикасен во тимот од Лос Анџелес, откако постигна 37 поени. Ивица Зубац постигна 24 поени и имаше 15 скока, додека Џејмс Харден запиша 23 поени и 16 асистенции.
Кај домашните најдобар беше српскиот репрезентативец Никола Јокиќ, кој на теренот мина нешто помалку од 37 минути. Јокиќ постигна 41 поен, од кои седум тројки од 12 обиди.
Српскиот кошаркар запиша рекорд во кариерата по бројот на упатени тројки во НБА лигата.
Ова е втор пораз во вториот одигран натпревар за тимот на Денвер оваа сезона.