11
Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, остро го критикуваше Доналд Трамп во говорот одржан во саботата во градот Каламазу, Мичиген, на предизборниот митинг на претседателскиот кандидат на демократите и актуелен потпретседател на Америка, Камала Харис, објавија денеска светските медиуми.
Мишел Обама го обвини поранешниот претседател Трамп за „огромна неспособност и аморален карактер“ и ги повика неопределените Американци да ја изберат Камала Харис за 47. претседател на САД, пренесува лондонски Гардијан.
„Сите показатели потврдуваат дека Камала е подготвена. Вистинското прашање е дали ние како земја сме подготвени за овој момент“, рече поранешната прва дама пред, како што се вели, ентузијастичката публика во Каламазу.