46
Ужасен хорор денеска ја потресе белградската населба Бежанијска Коса кога маж си ги застрелал синот и сопругата.
Според неофицијални информации, инцидентот се случил денеска околу пладне кога мажот, чијшто идентитет не се соопштува, пукал во правец на сопругата и на синот и ги ранил двајцата, пренесоа српските медиуми.
– Синот е застрелан во стомакот, а жената во ногата – изјавил извор кој е запознаен со настанот.
По инцидентот полициска патрола од Нов Белград го уапсила налудничавиот напаѓач.
– Во таа прилика се обиде да се самоубие, но полицајците го спречија во тоа – нагласува изворот.