ВМРО–ДПМНЕ со домаќинското работење покажа дека Коридорите може да се реализираат со намалување на средствата, велат од партијата на Мицкоски

од Nikola Popovski
59 прегледи

ВМРО ДПМНЕ не игра на карта на тврдоглавост, туку работи во интерес на граѓаните. ВМРО – ДПМНЕ никогаш не е против коридорите, планот е јасен, коридорите се неопходни за поврзување и развој на Македонија, велат од најголемата владеачка партија по прозивките од СДСМ во однос на изградбата на Коридорите 8 и 10Д.

Од партијата велат дека не се против реализирање на проекти.

-ВМРО – ДПМНЕ со домаќинското работење покажа дека всушност коридорите може да се реализираат со намалување на средствата. Со коридорите Македонија ќе има значајна улога во  транспортната и енергетската инфраструктура на европската мапа.

СДС е поим за најнеодговорна партија и партија која се грижи само за корупција и за сопствените интереси. СДС на 8 мај доби црвен картон од граѓаните и време е да ја научи лекцијата. СДС мора да ја прифати реалноста, нивното време заврши, стои во соопштението од „Белата палата“.

СДСМ му забележа на премиерот Христијан Мицкоски дека едно зборувал додека бил во опозиција, а друго сега, кога е власт. Оттаму како пример го зедоа договорот со „Бехтел и Енка“, кој ВМРО-ДПМНЕ го нарече историски криминал, а сега, како што велат социјал-демократите, власта признава дека е добар за државата.

„Додека СДСМ ги поставуваше темелите на најголемиот инфраструктурен проект во независна Македонија, ВМРО неосновано напаѓаше, критикуваше, обвинуваше, блокираше закони во Собранието, сѐ со цел да го забави инфраструктурниот раст и развој на државата“, изјави пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски.

Од новата влада не е започнато ништо досега, а од друга страна единствените нивни активности на терен ги гледаме на проектите што ги работела претходната влада, велат од СДСМ.

Од Конзорциумот „Бехтел и Енка“ велат дека оваа делница е од голема важност за сите, посебно за домашните работници.

„Проектот кој значи побрзи и побезбедни патишта е од исклучителна важност за граѓаните и секако за бизнисите, а тоа придонесува за голем социо-економски развој. Над 750 членови на тимот се локално население од најразлични дејности. Ние и натаму ќе го зголемуваме бројот, како што ќе напредува проектот“, велат од „Бехтел и Енка“.

Делницата Гостивар – Букојчани, една од четирите коишто треба да бидат завршени во наредните неколку години. Целиот проект тежи една милијарда и 300.000 евра.

Слични содржини