Полицијата сакала да го легитимира, тој скокнал во Вардар, повреден 24-годишен скопјанец

од Milan1
28 прегледи

Вчера во 17.04 часот во Скопје на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вршеле легитимирање на Ф.А.(24) од Скопје.

– Тој откако им ја дал личната карта, се обидел да избега и се спуштил на патеката за пешаци покрај реката Вардар, по што скокнал во реката, и што се здобил со тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Според МВР се работи на расчистување на настанот.

Слични содржини