Јокиќ продолжува да урива рекорди во НБА

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Уште еден феноменален настап за Никола Јокиќ во НБА. Тој забележа „трипл-дабл“ (29 поени, 18 скока и 16 асистенции) во победата на Денвер Нагетс над Бруклин Нетс по продолженија од 144:139.

Овој настап доаѓа само 24 часа по сличен подвиг против Торонто Репторс, со што Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА кој забележал два „трипл-дабл“ учиноци во два натпревари во првите четири кола од сезоната.

Овој „трипл-дабл“ е и јубилеен, под број 150 за српскиот репрезентативец.

Во рок од само четири дена, Јокиќ постигна два натпревари со преку 25 поени, најмалку 15 скока и 15 асистенции, со што ја покажа својата неверојатна форма и лидерство на теренот.

Слични содржини