Гвардиола: Де Бруин се чувствува подобро, но се уште не е подготвен да се врати на теренот

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека не знае кога повредениот играч од средниот ред на Сити, Кевин Де Бруин ќе се врати на терените.

Де Бруин заработи повреда на мускулот на натпреварот од Лигата на шампионите со Интер на 18 септември и оттогаш е надвор од терените.

„Посакувам да можам да кажам, и би сакал да знаев за себе, но вистината е, не знам кога ќе се врати. Кевин се чувствува добро на тренинзите, но сепак боли кога ја удира топката. Тој се чувствува подобро, но сепак недоволно“, изјави Гвардиола за официјалниот сајт на Манчестер Сити.

Слични содржини