Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп упати закани кон Европската унија, велејќи дека доколку биде избран на 5 ноември, ЕУ ќе плати „голема цена“ што не купува доволно американски производи.
„Ќе ви кажам нешто, ЕУ звучи толку добро, толку добро, нели? Сите убави мали европски земји работат заедно“, рече Трамп на предизборниот митинг во Пенсилванија, откако вети дека ќе го усвои „одмаздничкиот трговски закон на Трамп“.
„Не ги сакаат нашите автомобили. Не ги сакаат нашите земјоделски производи. Тие продаваат милиони и милиони автомобили во САД. Не, не, не, ќе бидат принудени да платат голема цена“, нагласи тој.
Поранешниот американски претседател вети дека ќе воведе царини од 10 отсто за увоз од сите земји и 60 отсто за увоз од Кина.
Економистите предупредуваат дека таквиот потег ќе му наштети на глобалниот синџир на снабдување и веројатно ќе предизвика одмазднички тарифи и ќе ги зголеми трошоците.