15
Добитникот на „Златната топка“ за 2022 година, Карим Бензема, смета дека оваа година престижната награда требало да ја добие Винисиус Жуниор, а не Родри.
Се крена голема прашина пред овогодинешното доделување, а челниците на Реал кога дознаа дека Винисиус нема да ја добие наградата, решија да не дојдат на доделувањето.
Од кралскиот клуб беа убедени дека Бразилецот ќе ја освои „Златната топка“, па ги загубија нервите кога сфатија дека тоа нема да се случи.
Сега во одбрана на Винисиус дојде неговиот поранешен соиграч од мадридскиот клуб Карим Бензема.
„Немам ништо против Родри, тој е добар играч, но кога седам во фотелјата и гледам фудбал, Родри не прави ништо што ме тера да кажам леле“, изјави Бензема.