Весли Кларк прогласен за „Почесен граѓанин“ на општина Чаир, на 13. ноември доаѓа во Скопје

од Nikola Popovski
51 прегледи

Општина Чаир го прогласи пензионираниот американски генерал Весли Кларк за „Почесен граѓанин“. Оваа одлука била едногласно одобрена од Советот на општината и претставува, како што велат од општината, заслужено признание за неговиот извонреден придонес во зајакнувањето на мирот и стабилноста на Балканот.

-Со мојата иницијатива и предлог, заедно со Советот на општината, денес го прогласивме генералот Весли Кејн Кларк за „Почесен граѓанин“ на општина Чаир. Оваа одлука е донесена едногласно, бидејќи е чест и заслужено признание за неговиот исклучителен придонес.

Оваа титула, која совпадна со Денот на ветераните на САД на 11 ноември, ја симболизира нашата благодарност за поддршката на Соединетите Американски Држави и американскиот народ во зајакнувањето на мирот и стабилноста на Балканот. На овој посебен ден, ние во Чаир го почитуваме еден голем пријател на нашиот регион и ја изразуваме нашата благодарност за неговата посветеност на мирот и слободата, стои во објавата на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

На 13 ноември, тој ќе пристигне во Скопје за да ја прими плакетата за „Почесен граѓанин“.

-Ова ќе биде посебна можност за сите нас да ја изразиме нашата благодарност за неговата поддршка и ангажман за мирот и стабилноста во регионот, додава Ганиу.

Кларк ја водеше воздушната кампања на НАТО против српските воени цели во 1999 година. 25 години по завршувањето на таа акција, Кларк пред неколку месеци рече дека „Србија е како магнет што ги привлекува руските империјалистички амбиции во Европа“.

Слични содржини