Денес истекнуваат ограничените маржи: Дали ќе има поригорозни мерки?

од Nikola Popovski
41 прегледи

Уште денеска важи владината мерка за ограничена маржа на дел од основните прехранбени производи за 10 насто. Владата воведување поригорозни мерки ако дојде до зголемување на цените.

Со владината одлука од 20-ти септември, на листата на есенската кошничка се 73 производи, леб, тестенини, брашно, пекарски производи, млеко и млечни производи, месо и преработки од месо, дел од овошјето и зеленчукот, ориз, грав, масло за јадење и дел од конзервираните производи.

Иако во Владата имаше разногласие околу самата мерка и ефектите, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши е дециден дека ограничувањето на маржите даде резултати иако бројките се повеќе од скромни, 57 денари намалување на севкупните месечни трошоци во октомври и 900 денари намалување на трошоците за храна и пијалаци.

Од „Илинденска бр.2“ очекуваат од ноември да има дополнително намалување на цените, со примената на законот за нефер трговски практики, кој предвидува повеќе од 2 илјади и 500 земјоделски и прехранбени производи да имаат ограничени маржи до 10 насто.

Заштедата од само 210 денари месечно за храна и пијалоци е  недоволна за да се почувствуваат ефектите од замрзнатите маржи. Синдикатот пресмета дека ќар од есенската кошница немаат граѓаните, туку само трговците. Во септември ги зголемиле цените, за да ги вратат во октомври истите. Вкупната кошница во која се пресметани сите основни трошоци во октомври е поевтина за само 57 денари од таа во септември.

Слични содржини