Руд ван Нистелрој сака да остане во Манчестер Јунајтед по назначувањето на нов менаџер

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Привремениот менаџер Руд ван Нистелрој се надева дека ќе продолжи да работи во англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед и по назначувањето на нов тренер, пишува агенцијата Ројтерс. Поранешниот клупски напаѓач стартуваше во победата од 5-2 над Лестер Сити вчера во Лига купот.

„Стигнав овде како асистент. Целта ми беше да му помогнам на тимот кој има потреба и се надевам дека така ќе остане. Тука сум да му служам на клубот, да дадам се од себе и тоа никогаш нема да се промени“, изјави поранешниот напаѓач за Јунајтед и репрезентацијата на Холандија.

Ван Нистелрој беше помошник на менаџерот Ерик тен Хаг, кој беше отпуштен во понеделникот по поразот од Вест Хем со 2-1. Дебито на поранешниот напаѓач беше за паметење бидејќи Бруно Фернандеш и Касемиро постигнаа по два гола, вклучувајќи го и ударот од далечина на бразилскиот играч за врска.

„Овие моменти се вистинско уживање, особено кога имате можност да ги споделите со играчите на теренот и со гледачите. Тоа е навистина убаво чувство“, додаде привремениот тренер на Јунајтед.

„Среќен сум за Касемиро. Тој вложува многу на тренинзите, а исто така сака да му помогне на тимот и на клубот. Касемиро е пример за другите. Помина низ тешки времиња по поразот од Ливерпул, но мислам дека не заслужи толку многу критики“.

Слични содржини