21
Ѕвездата на Баерн Минхен, Џамал Мусиала потврди дека е во преговори со клубот за нов договор. Германскиот интернационалец постигна „хет-трик“ во победата од 4:0 над Мајнц 05 за Купот на Германија, а по средбата изјави дека е многу среќен во Минхен.
„Можам да замислам дека наскоро ќе потпишам нов договор со Баерн. Ние сме во разговори. Среќен сум и уживам во времето овде“, изјави Мусиала за Sky Germany.
Раководството на Баварците веќе извесно време преговара со Мусиала. Се очекува офанзивниот играч повторно да потпише до летото 2029 или 2030 година.
Неговата плата моментално е 8-9 милиони евра по сезона и според новиот договор тој ќе биде меѓу најплатените фудбалери во клубот со бруто плата од 25 милиони евра.